Спасени тројца малолетници кои заталкале со педалинка во Охридското Езеро

Од:

Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридското Езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ .

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, акцијата се  спроведувала вчера околу  16 часот во езерските води во близина на хотелот „Бисер“ на струшкиот дел од крајбрежјето.

– Малолетниците се наоѓале во изнајмена педалина која невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле кон албанските територијални води. Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ја забележа педалинката и трите малолетници, истакна Димоски.

Поради големите бранови, трите малолетници биле видно вознемирени и не можеле да го управуваат и контролираат пловилото што претходно го изнајмиле пред хотелот „Дрим“ во Струга.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи