Италија ги унапредува односите со Виетнам

Од:

Виетнамскиот премиер Нгуен Тан Дунг и италијанскиот премиер Матео Ренци, на заедничка прес конференција, одржана во Ханој соопштија дека ќе се интензивира економската размена меѓу двете држави и дека во рок од две години вредноста на размената ќе достигне пет милијарди долари.

Двајцата премиери се договориле и за зголемена инвестициска соработка, при што Виетнам за италијанските инвеститори во областа текстилната индустрија, енергетиката и пакување на храна ќе им овозможи низа даночни и други поволности.

Матео Ренци е првиот италијански премиер кој престојува во официјална посета на Виетнам, по воспоставувањето на димпломатски односи меѓу двете држави во 1973 година.

Покрај унапредувањето на економската соработка, целта на посетата на италијанскиот премиер, кој во Ханој допатува со голема делегација, е да се анализираат постигнувањата од договорот за соработка меѓу двете држави, наречен „Агенда 2013 – 2014“. Се работи за обемен договор за соработка во повеќе области од обостран интерес.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски