Тајландската хунта тврди дека не ги укинала законите за партиите и за изборите

Од:

Шефот на тајландската воена управа, генералот Прајат Кан-ока соопшти дека во Тајланд се уште се во сила законите за политичките партии, за референдум и за изборите, што важат од 2007 година и дека хунтата нема намера да ги менува.

Генералот, меѓутоа, стави индиректна резерва во однос на евентуалните измени на овие закони, наведувајќи дека законите важат – се до, евентуално, друго решение.

Оваа најава генералот Прајат ја даде во невообичаена атмосфера, гостувајќи во популарната ток-шоу програма „Да се врати среќата“, што ја пренесуваа државната и сите дигитални телевизии во Тајланд. Тоа е програма чија цел е гостинот да допре до срцата на сите жители на Тајланд, а генералот се обидел да се покаже како човек со меко срце и љубител на убавата песна.

Најавувајќи дека тајландскиот народ ќе има повеќе можности да го гледа во оваа емисија, која генералот Прајат ја гледа и како можност да ги соопштува плановите и резултатите на новоформираниот Национален Совет за ред и мир, тој соопшти дека додека трае воената управа ќе нема дозвола за формирање новипартии.

Од овој разговор како важни информации генералот Прајат ги соопшти одлуките да не се менуваат составите на судовите, државните цивилни агенции и постојната национална изборна комисија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач