Украинските власти соопштија дека постигнале разбирање со Москва, во деловите од планот за запирање на насилството на исток во државата, кој што го предложи новиот претседател Петар Порошенко.
Властите во Киев не изнесоа детали за дводневните разговори за предлозите на Порошенко, за завршување на кризата, која од април однесе многу животи.
-Како резултат на нашата работа, двете страни постигнаа разбирање во клучните фази за имплементација на планот и за листата на приоритети кои ќе придонесат за смирување на состојбата во Доњецк и Луганск-соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
Е. Г.