Раст на странските инвестиции во Романија и Бугарија во 2013 година

Од:

Романија и Бугарија се единствените земји меѓу „новите членки“ на ЕУ во кои е забележан раст на директните странски инвестиции во текот на 2013 година, се наведува во Анализа на виенскиот Институт за меѓународни економски истражувања.

Според Институтот, Романија е вистински рекордер со раст на странските инвестиции за 27,4 проценти на околу 2,7 милијарди евра, додека вложувањата од странство во Бугарија лани се зголемиле за 2,1 отсто на 1,09 милијарди евра.

Од друга страна, во сите останати држави што се приклучија кон ЕУ од 2004 година забележано е намалување на странските инвестиции, при што најдраматичен пад бележат Полска и Словачка од 92,6, односно 79,8 отсто.

Експертите на виенскиот Институт очекуваат во текот на 2014 година да дојде да раст на странските инвестиции во сите „нови членки на ЕУ“, со исклучок на Бугарија и балтичките земји, за кои се очекува нивно задржување околку ланското ниво.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар