На грчкиот остров Тинос е изградена вилата „Мираж“, кој е замислена како „невидлива“ куќа во која нејзините жители ќе можат да уживаат во мирот и во погледот кон Егејското Море.
Вилата е вклопена во околниот пејасаж, што ја прави речиси невидлива за околината и и им овзоможува приватност на лицата кои престојуваат во неа. „Невидливост“ е постигната со поставување на базен на покривот на вилата во чија вода се отсликува околниот пејсаж, што го затскрива целиот објект.
Вилата е има камени ѕидови, кон кои одлично е вклопен и целиот нејзин ентериер. Куќата располага со три спални соби, кујна и отворен салон за дневен престој.