Грчки пеjачи уапсени во Албанија поради шверц на дрога

Од:

Двајца грчки пејачи од Солун заработија притвор во Албанија, откако беа упасени при обид да прошверцуваат марихуана од земјата, јави дописникот на МИА.

Станува збор за Панајотис Маркупулос и Анастасија Вогијаѕи, во чии автомобил албанската полиција на граничниот пемин Какавија кај Ѓирокастро, отркила 63,5 килограми марихуана.

Маркупулос (27) и Вогијаѕи (30) во Албанија влегле во петокот  преку преминот „Ќаф-Бота“ кај јужниот град Саранда, за да настапат во диско во овој приморски град. На враќање се обиделе да прошверцуваат марихуана за Солун. Дрогата, спакувана во 95 пакетчиња, била скриена во повеќе делови на автомобилот

И двајцата  често патувале во Албанија, каде имале настапи главно во Саранда и Ѓирокастро. Полицијата има докази дека тие и претходно шверцувале марихуана која ја криеле во музичкиѕе инстументи што ги користеле на настапите.

Бидејќи ставува збор за меѓународна трговија на дрога и фактот дека се познати естрадни уметници, грчките пејачи се префрлени во притворското одделение на полициската управа во Тирана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја