Вооружени лица, наводно припадници на терористичката група Боко Харам, киднапирале 20 жени во североисточниот дел на Нигерија, во близина на градот Чибок, каде на 15 април исламистички борци киднапираа над 300 ученички.
Претставникот на доброволните одреди, формирани за отпор против нападите на Боко Харам, Алхаџи Тар изјави дека вооружените мажи дошле во четвртокот попладне во селото Гаркин Фулани и ги принудиле жените да влезат во нивните возила под закана дека ќе бидат застрелани.
Според Тар, тие заминале во непознат правец кон нигериската сојузна држава Борно.
Тој додаде дека групата киднапирала и три момчиња, кои се обиделе да го спречат нападот.