Што чека Хрватска, еве како Унгарија излезе од кризата

Од:

Додека Хрватска чека инвестиции и тоне веќе десети квартал по ред, земјите од соседството зајакнуваат.

Во 2013 година Романија забележа брз раст од 5,2 отсто, додека Полска и Унгарија искажаа раст од 2,7 отсто. Чешка изненади со раст од 1,3 отсто на годишно ниво, а Словачка со растот од 1,5 отсто исто така ги надмина прогнозите на аналитичарите.

Неодамна објавените податоци покажуваат дека Унгарија го продолжува растот и дека стопанството во првиот квартал, на годишно ниво пораснало за 3,5 отсто. Истовремено Хрватска и понатаму пропаѓа. БДП за првото тромсечје во 2014 година според оваа проценка, реално е помал за 0,4 отсто во однос на истото тромесечје во 2013 година.

Во неодамна објавениот извештај, ММФ констатираше дека во Хрватска е присутна невообичаено долга рецесија.

Дека владата во РХ состојбата не ја сфаќа сериозно покажуваат и изјавите на министерот по оптимизам Бранко Грчиќ, кој во понатамошниот пад на БДП не гледа ништо лошо.

– И понатаму останува проекцијата на ХНБ дека БДП во овој квартал, првпат во мандатот на оваа Влада ќе биде позитивен и тоа сега е сосема очигледно, бидејќи врз основа на годишната стапка која е објавена покажува дека БДП е во пораст. Ни треба само уште еден квартал на ваков тренд, а потоа стапката и на годишно ниво би била позитивна – рече Грчиќ коментирајќи ги новите податоци за БДП.

Како зајакна Унгарија

Растот на Унгарија не се случи сам од себе.
Откако Орбан дојде на власт, благодарение на стабилното мнозинство во парламентот усвоени се 29 економски мерки за кои сметаа дека можат да го покренат унгарското стопанство.

На пример, се намалуваат даноците за малите компании, додека истовремено даночниот товар се префрлува на корпорациите и банките, кои и така не се генератори на вработувањето.

Данокот за компаниите чиј профит не надминува 1,75 милиони евра е намален од 19 на 10 отсто. Воведен е и единствен данок на платите, кој изнесува 16 отсто.

Се воведува посебен, привремен данок во траење од три години, за големите компании, од кои во буџетот завршиле 1,3 милијарди евра годишно. Воведен е и посебен данок за банките и осигурувањата. Банкарскиот данок изнесува 0,45 отсто од нивните биланси, додека осигурувањата плаќаат данок од 5,8 отсто на премиите.

Иако потезите на Орбан предизвикаа многу контроверзни реакции, американската инвестициска банка Мерил Линч уште во јуни минатата година даде тогаш храбра проценка за растот на БДП на Унгарија во 2013 година од 2,6 отсто.

Од друга страна, Хрватска по повеќе од половина мандат на актуелната Влада, во која не се презема ништо конкретно, што би го поттикнало растот на стопанството, повеќе ништо не може ни да очекува.

Ако во фаза на стабилност на Владата не е направено ништо, што може да се очекува сега кога сите сили се насочени на внатрепартиски пресметки во СДП.

Индекс – Загреб

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин