Неколку илјади жители во индустриската зона на градот Бан Чанг, во западниот дел на Тајланд, ноќта меѓу неделата и понеделников ја проведоа на фудбалското игралиште, каде што беа евакуирани по сознанијата дека од некаде истекува гас со лош мирис.
Според првите сознанија, се работи за истекување на хлор од некоја фабрика, а состојбата ја искомплицирале неколку помали шумски пожари во близина на индустриските комплекси.
Властите во овок дел на Тајланд започнаа истрага за утврдување на причините и локацијата на истекување на гасот што не предизвика поголеми здравствени проблеми кај населението. Директна последица е забележана кај две деца и една повозрасна особа, но тие по лекарската интервенциа беа пуштени на домашно лекување.