Тачи победи на вчерашните парламентарни избори

Од:

Владејачката Демократска партија на Косово (ДПК) на премиерот Хашим Тачи е победник на вчерашните предвремени парламентарни избори во Косово, според официјалните резултати.

ДПК освои 30 проценти од гласовите при преброени 70 проценти од гласачките ливчиња од сите изборни единици. На второ место со 26 отсто е главната опозициска партија Демократската унија на Косово.

Резултатите покажуваат трет последователен четиригодишен премиерски мандат за Хашим Тачи. Сепак, тој ќе треба да обезбеди поддршка од помалите партии и етничките Срби.

– Вечерва победи Косово. Од утре ќе почнеме да работиме на нашата нова мисија, изјави Тачи, додавајќи дека Косово ќе покаже на светот дека независноста е само почеток, а не крај.

Според косовската Централна изборна комисија излезноста изнесувала само 43 проценти, што е најниска во историјата на независно Косово.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица