Во општина Аеродром, спроти спортскиот сентар „Јане Сандански“, денеска ќе биде поставен камен – темелник за изградба на црква посветена на „Св. Троица“.
Ктитор на новата црква е рускиот бизнисмен и сопственик на спортскиот клуб „Вардар“ Сергеј Самсоненко.
Осветувањето ќе го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во присутво на амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак и градоначалникот на општината Аеродром Ивица Коневски.