Штајнамер ги повика Киев и Москва „суштински“ да разговараат

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека само „суштински“ разговори меѓу Москва и Киев ќе помогнат за решавање на кризата во Украина.

Според Штајнмаер решението се уште е далеку, но надеж даваат неколку работи, како што се неодамнешните претседателски избори во Украина, одржани на 25 мај или првата средба меѓу рускиот и украинскиот претседател.

– Вистински напредок може да биде постигнат само ако дојде до директни, суштински разговори меѓу Москва и Киев, изјави Штајнмаер во интервју за германскиот весник „Тагешпигел“.

Германскиот министер во вторник во Санкт Петербург заедно со полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Средбата е договорена во јануари на маргините на безбедносната конференција во Минхен пред избувнувањето на кризата во Украина, но ситуацијата во земјата ќе биде главна тема на разговор, најави портпаролот на германското министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски