СДСМ: Ако Груевски не може да ја признае вистината пред јавноста, тој ќе мора тоа да го стори на суд

Од:

„Јасно е дека Никола Груевски не може да излезе пред јавноста и да одрече дека е негов гласот на аудио снимката на којашто се слуша како тој договара 1.500.000 евра поткуп во случајот Македонска банка.

Затоа Груевски се оправдува преку соопштенија од неговата партија. Затоа што токму тој, Никола Груевски, го договорил милионскиот поткуп.

Тоа го потврди референтен судски вештак, чие вештачење покажа дека гласот во аудио снимката е на Никола Груевски.

Овој доказ заедно со кривичната пријава против Груевски за противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок се веќе 50-тина дена пред јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Ако Груевски не може да ја признае вистината пред јавноста, тој ќе мора тоа да го стори на суд“, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски