Груевски: За Заев може да се каже се, освен дека е чист како солза

Од:

За лидерот на СДСМ Зоран Заев може да се каже се, освен дека е чист како солза, рече денеска мандатарот на новата Влада и актуелен премиер Никола Груевски, одговорајќи на новинарско прашање.

Како што оцени Груевски, изјавата на Заев дека „власта шири лаги за случајот Глобал, а тој е чист како солза“, е дадена од немајкаде.

– Следејќи ги неговите постапки и чекори до сега, за Заев може да кажеме се, освен дека е чист како солза. Очигледно си ја трга мувата од капата. Таа изјава личи на многу арогантна која ја кажал од немајкаде, истакна Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од Проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги од кои се учи на на врвните светски универзтети.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски