Порошенко: Украина очекува Русија да ги признае резултатите од изборите

Од:

Украина очекува Русија да ги признае резултатите од вонредните претседателски избори одржани на 25 мај, изјави денеска новоизбраниот претседател на земјата Петро Порошенко пред германскиот колега Јоахим Гаук, пренесува ИТАР-ТАСС.

Порошенко, исто така, најави дека ќе побара од Москва да ја повлече одлуката на Советот на федерацијата со која се дозволува вооружените сили на Русијa да бидат искорисетни на територијата на Украина.

Украинскиот претседател, исто така, повика и за итно ослободување на сите граѓани кои се земени како заложници во источните региони на земјата.

– Претседателот Порошенко треба да разбере, дека без учество на Русија неговата земја не може да излезе од политичката и економска криза, изјави денеска претседателката на руското Федерално собрание Валентина Матвиенко.

Матвиенко, потсети дека претседателските избори во Украина не минаа без проблеми и не биле целосно во согласност со меѓународните норми и стандарди.

– Но, ние го почитување изборот на украинскиот народ. Подготвени сме за преговори, ќе водиме преговори и ќе се сретнеме, нагласи таа.

Претседателката на руското Федерално собрание повторно повика за прекин на операцијата на украинските сили во Источна Украина.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски