(ВИДЕО) Заев: Груевски треба да одговори дали е или не е неговиот глас на снимката

Од:

„Ние дадовме свои коментари, еве пак ќе дадеме коментар. Премиерот вели дека тој лично не зел пари. Прашањето е многу едноставно. Дали тоа е неговиот глас на аудио снимката или не е неговиот глас? И дали тој лично договарал продажба на Македонска банка или не?

Одговорот дека тој лично не земал пари, едноставно можам да го споредам со која било пракса во кое било семејство, каде што еден член на семејството договара одредена плата или одредена зделка, а друг член на семејството ги подига парите за таа плата или за таа зделка. Со тоа не значи дека треба да биде ограден од каква било одговорност, доколку тој договор, оној што го склучил, бил незаконит. Така да, едноставен е одговорот. Е, неговиот глас на снимката или не е? И дали тој договарал или не продажба на Македонска банка“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски