Општина Струмица: Глобал е чист како солза, засрами се Груевски

Од:

„Проектот  Глобал е чист како солза. Тоа мораа да го потврдат и институциите под контрола на власта на Никола Груевски.

За тоа постојат судски пресуди, донесени во време на владеењето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ни судовите не можеа ништо против аргументите.

Нервозата на Никола Груевски е разбирлива. Неговите маски паднаа. Излегоа на површина неговите криминали, на тесната фамилија на Груевски, на неговите најблиски соработници. Груевски е принуден да се брани, преку контра тужби, преку алиби интервјуа и оправдувања од типот „не сум јас“, преку медиумите под негова контрола.

Што се однесува до манипулациите околу Законот за легализација и неговата наводна намена за сиромашните, мора Гордана Јанкулоска да била многу сиромашна, кога токму врз основа на овој закон за едно евро по квадрат легализирала мансарди на станови, вредни над 200.000 евра. Засрами се Груевски“, се вели во писмената реакција на општина Струмица на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на градоначалникот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ