Меркел: Земјите од Западен Балкан имаат јасна перспектива за членство во ЕУ

Од:

Земјите од Западен Балкан имаат јасна перспектива да се приклучат кон Европската унија, но процесот ќе биде долг, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, јави ДПА.

Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора се земјите кои се стремат за членство кон ЕУ.

– Ние го поддржување проширувањето. Но, сметам дека нема што да добиеме доколку не се исполнат критериумите. Постојат многу јасни критериуми што треба да бидат исполнети на патот кон ЕУ, изјави Меркел.

Доколку критериумите и договорите бидат исполнети тогаш постои јасна перспектива за државите од Западен Балкан да се приклучат кон ЕУ, истакна германската канцеларка.

Според Меркел пред земјите има уште многу пат и тие треба да покажат напредок во владеење на правото, почитување на граѓанските слободи и борбата со корупцијата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он