Дваесет и една година од трагичната смрт на Дражен Петровиќ

Од:

На денешен ден пред 21 година во сообраќајна несреќа животот го загуби еден од најдобрите кошаркари во поранешната Југославија, Дражен Петровиќ. Кошаркарскиот „Моцарт“ загина на 28-годишна возраст на 7 јуни 1993 во сообраќајката кај германскиот град Денкендорф.

Петровиќ кариерата ја започна во Шибеник 1979 година, по четири години отиде во Цибона со која се искачи на европскиот трон. Од Загреб во 1988 година направи трансфер во Реал Мадрид каде за кусо време стана миленик на мадридската публика. Од Шпанија 1989 година кариерата ја продолжи во НБА како играч на Портланд, а подоцна и на Њу Џерси каде доби вистинска афирмација во најсилната лига на светот.

Како член на СФРЈ има бронза од ЛОИ 1984 во Лос Анџелес, сребро од Игрите во сеул 1988 година, бронза од СП 1986 и злато од СП 1990 година.

Со репрезентацијата на Хрватска на Олимпијадата во Барселона 1992 година го освои второто место.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос