Во Косово утре вонредни парламентарни избори

Од:

Во Косово утре ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори, кои првпат ќе бидат спроведени на целата територија, вклучувајќи ги и четирите општини со мнозинско српско население, во северниот дел на земјата.

Право на глас имаат 1.782.454 бирачи, што е за околу 40.000 граѓани повеќе отколку што Косово има жители, според пописот спроведен во 2011 година, објавува Танјуг.

За 120 -те места во парламентот ќе се борат 30 политички субјекти, меѓу кои и пет српски.

Политичките партии за да имаат пратеници во парламентот треба да го минат цензусот од пет отсто, додека за коалициите цензусот изнесува седум проценти од бројот на гласачите кои го оствариле своето право.

малцинските заедници имаат 20 загарантирани места, од кои 10 им припаѓаат на Србите, а останатите десет на другите националниз аедници во Косово.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица