Американската Централно разузнавачка агенција (ЦИА) вчера се придружи на светот на социјалните мрежи откако отвори налог на Твитер, односно профил на Фејсбук.
– Не можеме да потврдиме ниту да демантираме дека е ова нашиот прв твит, се пошегуваа од ЦИА на својата новоотворена Твитер страница.
За само два часа од отворањето на налогот, ЦИА имала околу 90.000 ретвитови и над 115.000 следбеници.
Директорот на ЦИА Џон Бренан потврди дека новите Твитер и Фејсбук налози на ЦИА имаат за цел да и помогнат на Агенцијата „подиректно да се вклучи во јавноста и да пружи информации за мисијата на ЦИА, историјата и други движења“.
ЦИА имаше налози на сајтот за поставување фотографии Фликр и на ЈуТјуб, а налозите на Твитер и Фејсбук ќе и овозможат преку нив да објавува соопштенија за јавноста.