Албанија ќе се задолжи за нови половина милијарда евра

Од:

Албанија за наредната година размислува да земе нов кредит од 500 милиони евра (680 милиони долари). Заемот ќе биде во форма на кредит или еврообврзници. Ваква најава има од министерот за финансии Шкелќим Цани.

Албанија веќе зеде кредит 331 милиони евра од ММФ и 220 милиони евра од Светска банка, но се чини дека има потреба од многу поголеми фондови, јави дописникот на МИА од Тирана.

-Свесни сме дека е неопходно да земеме 300 милиони, но може да земеме и 500 милиони евра. Тоа ќе зависи од состојбата на пазарот. Овој износ може да го земеме како кредит или евообврзници. Тоа е едно отворено прашање -изјави Цани, додавајќи дека веќе се почнати првичните разговори со потенцијалните инвеститори.

Земјата се задолжи 300 милиони евра во евообврзници во 2010 година со каматна стапка од 7,5 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“