МАЕИ ја поздравува препораката на ЕК за доделување на кандидатски статус на Албанија

Од:

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), преку генералниот секретар, Васил Стерјовски го поздрави извештајот на Европската комисија и препораката за добивање на кандидатски статус на Албанија.

– Добивањето на кандидатскиот статус е во корист на сите граѓани на нашата земја, бидејќи европската перспектива на Албанија е перспектива на иднината и се надеваме дека Советот на министри на ЕУ, на крајот на месецот ќе даде позитивна одлука, стои во изјавата.

МАЕИ оценува дека добивањето на кандидатскиот статус треба да ја охрабри албанската влада, парламент, политичката класа, креаторите на политиките и другите актери компетентни во областа на заштита на малцинствата да направат реалност, политики во полза на малцинствата.

Тоа, според партијата, ќе овозможи целосно исполнување на петтата препорака на Европската унија која што е поврзана со подобрување на човековите права и правата на малцинствата и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Албанија.

– Партија Македонска алијанса за европска интеграција, како единствената партија која ги брани интересите на македонската заедница во Албанија, ги поддржува албанските институции во продолжување на реформите потребни за членство во ЕУ и ќе го даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата во нашата земја на патот кон Европска унија, – рече Срерјовски. Ставот на македонската партија го пренесоа поголем број албански медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“