Рускиот амбасадор во Киев ќе присуствува на инаугурацијата на Порошенко

Од:

Рускиот амбасадор во Киев Михаил Зурабов ќе присуствува на инаугуративната церемонија на новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко, што ќе се одржи на 7 јуни во Врховната рада, соопшти заменикот министер за надворешни работи на Русија Григориј Карасин, пренесува ИТАР-ТАСС.

Амбасадорот ќе присуствува само на официјалниот дел од церемонијата, но не и на приемот, нагласи подоцна анонимен руски дипломатски претставник.

Вчера портпаролот на ОН соопшти дека заменикот-генерален секретар по политички прашања Џефри Фелтман ќе ја претставува меѓународната заедница на церемонијата.

Своето учество го потвдија претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, канадскиот премиер Стивен Харпер, американскиот потпретседател Џо Бајден и францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски