Отпуштените албански административци го прекинаа штрајкот со глад

Од:

Албанските администратици кои ги изгубија работните места по доаѓањето на власт на социјалистите, го прекинаа штрајкот со глад, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во поставени шатори пред Владата тие штрајкуваа петнаесет дена, обвинувајќи ја Владата за политичка чистка во државната администрација.

Соопштувајќи ја одлуката,  Нертила Ќафзези претседателка на Штрајкувачкиот одмор, изјави дека штрајкот го прекинале синоќа, откако ја постигнале целта, запознавање на домашната и меѓународната јавност. Сега, според неа, тие очекуваат исполнување на нивните барања од страна на премиерот Еди Рама.

– Успеавме да ја запознаеме јавноста и меѓународните институции и сега сме во очекување на исполнување на нашите пет барања од страна на премиерот, изјави Ќафзези.

Штрајкот го коментираше и еврокомесарот Штефан Филе, на вчерашната заедничка прес-конференција со премиерот Рама.

– Со вознемиреност гледам на штрајкот со глад на истераните работници. Упатувам апел до штрајкувачите да не го доведуваат во опасност нивниот живот.

Од блиску го следиме ова прашање и редовно разговараме со владата околу ова прашање, изјави Филе.
Во изминатите две недели штрајкувачите постојано беа посетувани од претставници на опозицијата. Лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша и пратеници секогаш при посетата на штрајкувачите, ги отфрлаа тврдењата на власта дека истиот е политички.

Во меѓувреме, пред парламентот се уште со глад штрајкуваат седуманесет поранешни политички затвореници кои бараат обештетување за времето минато во затвор и покрај фактот што владата преку Министертвото за труд и социјална благосостојба почна со исплата на првата рата од обештетувањето.

Од штрајкот се дистанцираа добар дел од поранешните политички затвореници. Претседателот на нивната асоцијација Скендер Туфа изјави дека штрајкот е целосно со политичка позадина и оти истиот е инициран од демократите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“