Бугарските и романските мигранти преферираат да се населат во јужните земји од ЕУ

Од:

Бугарите и Романците, кои ја напуштаат својата родна земја за да се населат во некоја друга членка на Европската унија, ги преферираат државите во јужниот дел на Унијата, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за европските науки „Вилфрид Мартенс“, кој беа објавени денеска.

Истражувањето се повикува на податоци од повеќегодишни набљудувања, според кои Бугарите и Романците најчесто се населуваат во Италија (37 отсто) и Шпанија (30 отсто). За нив државите од Западна Европа се помалку привлечни, така на пример само 12 отсто се нив се одлучуваат за Германија, а пет проценти за Велика Британија.

Според податоците од британската национална статистика во мај, пет месеци по целосното укинување на ограничувањата на пазарот на труд во ЕУ за Бугарите и Романците, бројот на граѓаните од овие две држави во Велика Британија се намалил за три илјади.

Истражувањето се повикува на официјален извештај на ЕУ, според кој до 2025 година Германија ќе се соочи со недостиг од шест милиони квалификувани работници.

Истражувањето ги разгледува прашањата со мигранти во ЕУ, имиграцијата на луѓето од државите надвор од ЕУ и присуството на тие теми во предизборните дебати за Европскиот парламент.

Заклучок од истражувањето е дека крајно десничарските и популистичките партии, како и некои традиционални политички сили, намерно ги вметнале сите елементи од прашањето за движење на луѓето во ЕУ, за да ја добијат поддршката од европските избирачи, кои стравуваат дека поради кризата можат да го загубат своето работно место.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар