Мини првпат во својата индустрија ќе се најде во изведба со пет врати. Моделот ќе биде базиран на новата генерација Мини со три врати, од кого ќе биде подолг за 16 сантиметри.
Новиот Мини модел, стилските детали во надворешноста ги презема од изведбата со три врати, додека предниот дел е целосно идентичен.
Разлика во дизајнот има доколку двата модели се споредуваат странично. Освен што има поголемо меѓуоскино растојание и две врати повеќе, новиот Мини има повеќе простор и зад задната оска нудејќи поголем багажен простор.
Двете изведби изгледаат слично и во задниот дел, со тоа што вратата од багажникот е позакосена кај изведбата со пет врати.
Мини со пет врати од стандардниот модел е подолг за 161 милиметар, додека меѓуоскиното растојание е поголемо за 72 милиметри. Изведбата со пет врати е повисока за 11 милиметри од помалиот модел, додека широчината останува непроменета.
Патниците во задниот дел имаат за 15 милиметри повеќе простор за главата и дополнителни 72 милиметри за нозете.
Багажниот простор е зголемен за 67 литри и достигнува 278, а со соборени задни седишта изнесува 941 литри.
Дизајнот на ентериерот е преземен од изведбата со три врати. Мини со пет врати ги дели истите мотори со моделот со три врати.
Мини со пет врати во продажба се очекува на есен, а цената на основниот модел ќе изнесува околу 19.600 евра.