Концерт на Воениот оркестар во Гостивар

Од:

На градскиот плоштад во Гостивар денеска ќе се одржи промотивен концерт на Воениот оркестар на АРМ. Во рамки на програмата, на која ќе присуствува и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, припадниците на баталјонот за почести ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе демонстрираат висока строева извежбаност во работа со пушка.

Воениот оркестар во траење од околу еден час ќе изведе репeртоар од различни нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба.

Со денешниот промотивен концерт Воениот оркестар првпат гостува во Гостивар, а со кој продолжува реализацијата на проектот за соработка со локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните и во градовите каде АРМ нема гарнизони.

Со гостувањата на Воениот оркестар во Македонски Брод и Делчево, во текот на минатиот месец, започна реализацијата на годинaшната програма на проектот „АРМ поблиску до граѓаните“, со кој до крајот од годината се планирани гостувања во повеќе градови низ Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски