ФОТО: Ауди го претстави редизајнираниот РС7 спортбек

Од:

Ауди по претставувањето на редизајнираните модели А7 и С7 го претстави и спортскиот модел РС7 со нов изглед.

РС7 има иста моќност како и неговиот претходник, што е повеќе од доволно, бидејќи станува збор за 4,0 литарски твин-турбо В8 со 560 коњски сили, погон на сите тркала и осумстепен автоматски пренос.

audiRS7-1

Од 0 до 100 километри на час забрзува за 3,9 секунди. Достапни се карбон керамички сопирачки, 21-инчни тркала и зголемување на максималната брзина од 280 на 306 километри на час.

Единствена измена има на дискретни детали на екстериерот и подобрена опременост на внатрешноста.

На дното од маската на ладилникот сега се наоѓа логото „кватро“, а тука се и новите „матрикс ЛЕД“ светла. Во внатрешноста изменети се отворите на клима уредот и рачката на менувачот.

audiRS7-13

Новата верзија на РС7 во салоните се очекува во текот на следната година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска