Филе утре во Тирана ќе го донесе извештајот за статусот

Од:

Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, утре ќе допатува во Тирана за да го донесе извештајот за статусот на Албанија, за што одлука треба да се донесе кон крајот на овој месец.

Филе се очекува да препорача доделување кандидатски статус за Албанија, но се официјално ќе се дознае утре. За време на престојот во Тирана, комесарот Филе ќе има средби со членови ан владата, претстаници на опозицијата и граѓанскиот сектор. Филе во Албанија престојуваше на шести март кога побара да се продолжи со реформите и упати апел до страните да покажат дух на компромис за реформите кои се бараат.

– Ја поздравив културата на соработка и сеопфатност не само во парламентот, зашто тоа ќе дозволи напредок на земјата. Сеопфатноста е клучна во овој процес, како што сум убеден во определбата и на владата и на опозицијата во исполнување на истата. Апелирам до двете страни да покажат дух на компромис за да одговарт на предизвиците на Албанија за интеграција во ЕУ, – изјави тогаш Филе.

Пред хотелот каде што престојуваше Филе мирен протест одржа поголема група поранешни вработени во државната и јавна амдинистрација, кои го обвинија премиерот Рама дека се истерани за да вработи свои партиски војници.

Сега пред владата Филе ќе ги види поставени шатори во кои со денови штрајкуваат административците и поранешните политички затвореници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“