Женската кошаркарска репрезентација на Македонија е поразена од Бугарија и во вториот пријателски натпревар што се одигра во Самоков.
Откако вчера избраничките на селекторот Горан Јовановиќ загубија со 79-67, попладнево тие се поразени со 82-53.
На овој натпревар селекторот Јовановиќ, не можеше да смета на неколку стандардни репрезентативки поради замореност и повреди.
Домашната селекција уште во првата четвртина имаа убедлива предност од 25:13, која во 15-минута изнесуваше и 15 поени. Сепак, нашите кошаркарки со добра игра во финишот на првиот дел успеаја да намалат на пет поени негатива 31:36.
Бугарките второто полувреме го започнаа фуриозно со удари за три поени и со серија од 11:0. Создадената предност бугарските кошаркарки не само што знаеја да ја одржуваат, туку и ја зголемуваа па на крајот славеа победа со конечни 82:53.
Дуелите со Бугарија беа последните контроли за нашите кошаркарки пред стартот на квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи следната година.
Нашите кошаркарки денеска се враќа во Македонија, односно Кавадарци, каде ќе ја одработат последната фаза од подготовките пред почетокот на квалификациите.
Првиот натпревар македонските кошаркарки ќе го одиграат веќе во недела (8 јуни), на гости против селекцијата на Литванија.
За противници во квалификациската група Б, ќе ги имаат и репрезентациите на Велика Британија и Белгија.