Во близината на Букурешт се наоѓа интересна куќарка со „живи“ бои во која доминираат традиционалните романски мотиви.
Иако станува збор за новоградба, сепак во неа се задржани традиционалните аспекти, како во надворешниот изглед, така и во ентериерот на куќата.
Куќата зрачи со топлина и гостољубивост кои можат да се согледаат во сите нејзини елементи, како поплочената ѕидана печка, теракотите, автентичните романски ќилими, платнените завеси, ѕидните таписерии и сандаците стари речиси сто години.
Кујната е шарена и декорирана со вкус.
На ѕидот има мозаик од плочки, со кој одлично се вклопуваат сите бои употребени за дизјанот на кујната.
Покрај во самата градба, традиционалните романски мотиви се наоѓаат насекаде: во украсните перничиња, на теписите, завесите, постелнината или на керамичките садови.