Попоски во Виена на состанок на ЦЕИ и конференција за Западен Балкан

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Виена ќе учествува на Конференцијата за Западен Балкан 2014 и на состанокот на министрите за надворешни работи на замјите членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Тема на Виенската конференција за Западен Блакан е „ЕУ како мировен проект-следни чекори во процесот на проширување”.

На состанокот на ЦЕИ, пак, министрите на земјите членки ќе разговараат за можностите за зајакнување на регионалната соработка, поддршка за интеграцијата на регионот во ЕУ, поттикнување на економската активност во ЈИЕ.

Попоски вчера во Виена се сретна со неговиот австриски колега Себастијан Курц.

На средбата двајцата министри разговарале за препораката за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

– Австрија е одлучна да помогне за евроинтеграцијата на Македонија и регионот. Македонија пак е одлучна да работи кон градење на позитивна клима во соседството. Клучот за преговори со ЕУ е кај Грција, но вратата ќе се отклучи преку ангажман на водството на членките, изјави Попоски.

Договорено е австрискиот министер Курц да ја посети Македонија за време на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Како дел од австриската поддршка на Македонија планирано е и австриски експерти како советници да им помогнат на македонските компании.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија