Амбасадорката Јакобсон ги повика косовските Срби да гласаат

Од:

Американската амбасадорка во Приштина, Трејси Јакобсон побара од Србите да гласаат на вонредните парламентарни избори што на Косово ќе се одржат на осми јуни. Таа оценува дека доколку излезат, што помасовно, на изборите, Србите имаат можност да добијат повеќе од 10 пратенички мандати, колку што им се загарантирани со Уставот на Косово.

Но исто така изјавила дека избраните пратеници треба да му се заколнат на Косово и да работат врз основа на косовскиот Устав. Во емисијата „Слободно српски“ која е емитувана на локалните косовски телевизии Јакобсон вели дека е за уште еден загарантиран мандат за Србите во Парламентот на Косово, но оти за тоа треба измени во Уставот, за што е потребо двотретинско мнозинство во парламенот-нешто што може да се постигне.

Коменитрајќи и претходните парламентарни избори во Косово, таа додава дека „тие навистина беа нерегуларни“. За сегашните избори е оптимист.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица