Веројатно многумина вљубеници во анимираната серија „Каменковци“ некогаш помислиле како е да се живее во куќа во која се е изработено од камен.
Поттикнати од таа идеја, група архитекти изградија камена куќа во Малибу, од која се пружа прекрасен поглед кон Тихиот Океан, Лос Анџелес и планината Бонел.
Куќата, изградена во стил од каменото време со импресивни органски ѕидови во неправилна форма, има салон за дневен престој, трпезарија, кујна, спална соба и две бањи.
Внатрешните елементи во куќата наликуваат на пештерскиот ентериер од цртаната серија.
Куќата се продава за 3,2 милиони долари.