Тоа што многу луѓе се придржуваат до традицијата празниците и викендите да ги минуваат во природа со своето семејство, натера група шведски архитекти и дизајнери да изградат речиси совршена викендичка за семеен одмор, каде што посетителите можат да уживаат во тивката и мирна атмосфера.
Во викендичката наречена „Фантастик Франк“ доминира иверката, што остава впечаток дека куќата е се уште во фаза на изградба, меѓутоа тоа и било идејата на проектантите, па така шпертплочата доминира во елементите кои служат за поврзување на деловите во објектот, како што се скалите кои водат до горниот кат.
Викендичката привлекува со боите во нејзиниот ентериер, кои се избрани на начин што овозможува имитација на природните нијанси од околината. Зелената боја е присутна во повеќето соби, а дрвените тавани во светлосина боја оставаат впечаток дека се наоѓате под отворено небо.
За оваа куќа карактеристични се високите тавани што нуди флексибилност и овозможува уживање, како во зимските месеци, така и во текот на летото.