„Форд ЕкоСпорт“ пристигнува на европскиот пазар

Од:

Компанијата „Форд“ наскоро ќе почне со продажба на својот глобален мал СУВ модел „ЕкоСпорт“ и во Европа.

Компанијата очекува дека до 2018 година побарувачката за моделите од овој автомобилски сегмент на европскиот пазар ќе порасне за дури 90 отсто.

„ЕкоСпорт“ е првиот модел на „Форд“ за целиот свет што во целост е  развиен во Јужна Америка, со продажба во повеќе од 125 земји ширум планетата.

Овој СУВ првпат беше претставен во 2003 година во Бразил и од тогаш се продадени повеќе од 900.000 примероци од првата генерација.

Во меѓувреме, инженерите и дизајнерите на „Форд“ од повеќе од 16 држави заедно работеа на развојот на сосема новиот „ЕкоСпорт“ модел што ќе им биде понуден и на купувачите во Европа.

Европската премиера овој модел ја имаше на Саемот на автомобили во Женева 2013, а според најавите што доаѓаат од „Форд“ наскоро ќе почне  да се продава и на „стариот континент“.

„Форд“ предвидува дека до 2018 година вкупната продажба на СУВ возила во Европа ќе се зголеми  за 22 отсто, додека продажбата на мали урбани СУВ автомобили, како што е „ЕкоСпорт“, ќе порасне за дури 90 отсто.

Конкуренцијата во овој сегмент, што до пред пет-шест години речиси и да не постоеше на европскиот пазар, е се поостра. Некои од најзначајните светски производители веќе се застапени со свои модели („Нисан Џоук“, „Опел Мока“, „Рено Каптур“, „Пежо 2008“…), а наскоро ќе им се приклучат и возилата од другите компании кои веќе имаа премиера или допрва ќе бидат претставени на јавноста („Џип“, „Фиат“…).

„Форд ЕкоСпорт“ во Европа ќе биде достапен со 1.0-литарски ЕкоБост турбо-бензински мотор со 125 КС, што во 2013 и 2012 година беше прогласен за меѓународен мотор на годината.

Според фабричките податоци, просечната потрошувачка на оваа верзија се движи од 5,3 литри на 100 километри, а емисијата на јаглен-диоксид од 125 грама на километар. Во понудата ќе биде и 1.5-литарскиот бензинец со 112 КС што со петостепен мануелен менувач, може да достигне потрошувачка од 6,3 литри на 100 километри и емисија на ЦО2 од 149 грама на километар.

На европските купувачи на располагање ќе им биде и дизел мотор од 1.5-литри со 90 КС, што има потрошувачка од од 4,6 литри на 100 километри и емисија на ЦО2 од 120 грама на километар.

Според претходните најави, „Форд ЕкоСпорт“ треба прво да им биде достапен на купувачите во Германија, а потоа постепено и во другите европски земји.

Предвидено е продажбата во Германија да почне во јуни по цена од 17.990 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска