Спасувач од Словенија: Луѓето останаа без ништо, но не го изгубија позитивниот дух

Од:

Катастрофалните поплави кои го зафатија регионот, претходните две недели, како потполно да ги избришаа границите кои настанаа со распадот на поранешна СФРЈ. Сите поранешни републики со денови испраќаа шлепери полни со помош, а голем број поединци и лично помагаа во евакуација на поплавените во Обреновац, Шабац, Крупањ.

Еден од нив е и Бојан Икиќ од Словенија, кој не можел со скрстени раце и да гледа што се случува во поплавените подрачја.

Минатиот понеделник тој со својата девојка Наташа со автомобил полн со помош и пари кои ги собрал со колегите, се упатил во Белград.

-Патот кон Обреновац разбуди многу емоции. Сите тие вреќи со песок, улици полни со нечии спомени и се она што со години луѓето го стекнувале, беше во купиштата на улиците. Кога пристигнавме се беше повеќе од тажно.

– Болката на луѓето кои стоеја во непрегледната редица чекајќи да добијат пакет вода и векна леб, беше повеќе од очигледна. Во воздухот се чувстуваше миризба, која предизвикува повраќање. Не знаевме од каде да почнеме, бидејќи не го познававме Обреновац.Тогаш ни се доближи една жена и не упати во најзагрозените делови од градот-раскажува Бојан.

poplaviBalkan-2014

Помошта која ја собрале не сакале да ја донираат преку Црвениот крст, туку сакале да најдат некое семејство на кое лично ќе му ја дадат. Мештаните кои не биле многу загрозени ги упатиле овие млади хумани луѓе кај едно семејство со тримесечно бебе, кое во поплавите изгубило се.

Побарале список од работи кои на бебето му се потребни и без размислување заминале да купат.

Како што вели тој една приказна од оваа акција ќе му остане посебно врежана во сеќавањата. Имено додека лутале низ Обреновац, помагајќи секому кому му е потребна помош, наишле на неколку мажи кои се обидувале да го спасат она што останало. На прашањето што им е потребно да им купат и како да им помогнат, луѓето кратко одговориле дека добро би им дошло да испијат пиво.

– Луѓето ниту во таа крајно тажна ситуација не го изгубија свој позитивен дух- вели Бојан, кој поминал неколку дена во Обреновац, обидувајќи се да пружи помош на настраданите.

poplaviBalkan-2014-1

Солзите и благодарноста на луѓето на кои со својата девојка им помагале, го поттикнале да продолжи со акцијата и за неколку дена повторно да го посети ова место.

Дека Словенците несебично се вклучиле во акцијата за собирање хуманитарна помош за Србија покажува и примерот на Сташа Туња Бојичиќ (32) од Љубљана која ја кренала на нозе цела Словенија, вклучувајќи го и државниот врв и за само два дена собрале повеќе од 300 тони животни намирници.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите