Тимот на Фленсбург е новиот ракометен клупски шампион на Европа.
Ракометарите на Фленсбург во финалето на завршницата од елитното натпреварување, односно на Фајнал-фор турнирот кој се одигра во Келн, го совладаа големиот германски ривал Кил со 30:28.
Екипата на Кил, иако во два наврати имаше и шест голови предност во првото полувреме (11-5 и 12-6), сепак не ја оправдаа улогата на фаворит.
Предводени од голманот Матијас Андерсон, кој мечот го заврши со 22 одбрани и крилата Егерт и Сван со по седум постигнати гола, Фленсбург сосема заслужено стигна до победата и првиот трофеј европски клупски шампион.
Во натпреварот за 3.место Барселона го совлада унгарскиот тим Вестпрем со 26-25.