Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, попладнево ќе го одиграат третиот натпревар од финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
И овој пат дуелот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, но сега улогата на домаќин ќе ја има МЗТ Скопје Аеродром.
По триумфот на Работнички пред два дена сега резултатот во меѓусебните пресметки од финалето е израмнет на 1:1.
Во денешниот дуел императив за двата тима е победа, со која шансите за конечен успех, односно освојување на шампионската круна не само резултатски туку и психолошки ќе биде поголема за екипата која ќе стигне до неа.
Потсетување дека финалната серија се игра во три добиени средби, а денешниот дуел ќе започне од 19 часот и 30 минути.