Кил е прв финалист во Лига на шампиони

Од:

Германската екипа Кил е првиот финалист во ракометната Лига на шампиони.
Во првиот полуфинален меч на Фајнал-фор турнирот кој се игра Келн, Германија, екипата на Кил го совлада унгарскиот претставник Вестрпем со 29:26.

Исланѓанецот Палмарсон со седум постигнати гола беше најзаслужен за оваа победа на Кил, пред сонародникот Сигурдсон кој постигна шест и Филип Јиха со четири гола. Најпрецизен во таборот на Веспрем беше Момир Илиќ со пет гола.

За Кил ова е седмо финале во елитното клупско ракометно натпреварување.
Кој ќе биде противник на Кил во утрешното финале ќе дознаеме по одигрувањето на вториот полуфинален меч чиј почеток е закажан за 18 часот.

Во него, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со својот тим Барселона ќе игра против составот на Фленсбург кој место во големата четворка обезбеди со елиминацијата на Вардар во четвтрфиналето.

Утре од 15 часот и 15 минути ќе се игра дуелот за третото место, а почетокот на големото финале е закажан за 18 часот.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa