Македонската женска кошаркарска репрезентација ја совлада Романија со 68:65 во првиот од двата пријателски натпревара.
На средбата одиграна вчеравечер во Кавадарци нашите кошаркарки стигнаа благодарение на одличната игра во последната четвртина која ја добија со седум поени разлила (21:14).
Најзаслужни за оваа победа беа, Ивана Кметовска, која со 16 поени беше најефикасна во нашата репрезентација, како и натурализираната Македонка Криси Гивенс, која ги одигра сите 40 минути и средбата ја заврши со ,,дабл-дабл,, учинок од 14 поени и 10 скокови.
Денешната втора средба во салата „Јасмин” меѓу Македонија и Романија ќе започне од 17 часот. Овој двомеч со Романија е во рамките од подготовките за евро-квалификациите.
Првиот меч од квалификациите Македонија ќе го игра на гости кај Литванија на 8 јуни, додека првата средба на домашен терен е во Кавадарци на 11 јуни против Велика Британија.