Груевски: Интересот во Грција за оставките на СДСМ покажува кому тоа му одговара

Од:

Интересот на грчките медиуми за оставките на пратениците на СДСМ покажува на кого тоа му одговара, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Да точно е дека грчките медиуми континуирано и многу опсежно пишуваат за оставките на пратениците на СДСМ и мислам дека самиот тој интерес покажува на кого му одговара она што го прави СДСМ, рече Груевски, по промоцијата на новата поставка во Музејот на македонската борба, oдговорајќи на новинарско прашање за зголемениот интерес на медиумите во Грција за состојбите со опозициската партија.

Во однос на апанажите, тој повтори дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ниту еднаш не спомнал дека пратениците ќе се откажат од месечниот надомест, и оти граѓаните ги плаќаат да седат дома.

– Во ниту еден момент тие не кажаа дека нема да ги земаат апанажите. Во тој правец може да си го проверат Законот за пратеници и да проверат дека таму одредбите се такви, ако влезе во Парламентот, односно го верификува мандатот барем и еден ден, има право на апанажа. Граѓаните не ги плаќаат и не сакаат да ги плаќаат за тоа. Мислам дека граѓаните не ги бираа да седат дома или да работат друга работа, а да земаат апанажа една година, рече Груевски.

Тој нагласи дека прави и ќе продолжи да ги прави сите напори што се во негова надлежност за враќање на СДСМ во институциите.

Прашан дали навистина поднел тужба за клевета против лидерот на СДСМ Зоран Заев за изнесените наводи во врска со случајот „Македонска банка“, Груевски ја потврди информацијата.

– Да, тоа е точно. Ако Заев верува во тоа што го изнесе, нема потреба да се плаши, но мислам дека нема да излезе така затоа што неговите наводи не се точни, рече премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски