Мапите на светот кои што се засновани на стереотипи, отсекогаш биле забавни, но на картата која што ја изработи уметникот Мартин Варгиц, се прикажани повеќе од 1.800 предрасуди.
На неа Србија е прикажана како „воена зона“, Црна Гора како „ништо“, БиХ како „подрачје на Алах“, додека Албанија како „држава на криминал и банди“.
Што се однесува до останатите држави, Романија како и на сите слични карти до сега е прикажана како држава на Дракула, додека Русија е опишана како комунистичка држава.
Крим пак кој неодамна и се приклучи на Русија е прикажан како „Путинистан“.
Варгиц, Кина ја претставил како голема фабрика, Австралија како држава на кенгурите, додека главен синоним за Бразил е самбата.
Уметникот нагласува дека не се согласува со овие стереотипи, од кои повеќето се базирани на поедноставување. Според него и самата мапа е стереотип на стереотипи, со оглед на тоа што е базирана врз убедувања на одредени лица и начин на кој тие го набљудуваат светот.
Е. Г.