Ауди го претстави концептот РС5 ТДИ

Од:

Ауди по повод 25 години од почетокот на производството на ТДИ мотори, премиерно на Саемот на автомобили во Лајпциг, го претстави концептниот модел РС5 ТДИ.

Концептот е базиран на спортското купе РС5, но 4,2 литарскиот В8 бензински мотор е заменет со 3,0 литарски В6 ТДИ би-турбо мотор со 385 коњски сили.

audiRS5 TDI1

Со цел да се анулира доцнењето на реакцијата на турбо-компресорот, моторот сега има електронски контролиран механички компресор. За пренос на силата на двете оски се користи 8-степен автоматски менувач. Се тоа е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 4 секунди и максималната брзина од 280 километри на час.

Ауди тврди дека просечната потрошувачка на гориво изнесува помалку од 5 литри на 100 километри.

audiRS5 TDI2

За споредба стандардниот РС5 со мотор од 450 коњски сили од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,6 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска