Врховниот суд на Еквадор го осуди во отсуство поранешниот претседател на државата Хамил Мавад на 12 години затвор за злоупотреба на државни средства за време на банкарската криза во земјата кон крајот на 90-те години на минатиот век.
Во одлуката Судот истакнува дека одредил толку строга казна, бидејќи еквадорските инвестирори се уште ги трпат последиците од криминалот на Мавад.
Мавад тврди дека процесот против него е политичко гонење поради непопуларните мерки, кои ги воведе како претседател, за да се справи со хиперинфлацијата. Тие вклучуваа замрзнување на депозитите и замена на еквадорската валута – сукре со американскиот долар.