Рокот за земјоделски субвенции истекува утре

Од:

Рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции за 2014 година завршува утре, 31-ви мај.

Платежната агенција ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои се уште не аплицирале, веднаш да се обратат во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

– Ги потсетуваме одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, соопшти Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници