ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата нема морално право да зборува за криминал

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на денешното соопштение на СДСМ наведува дека оваа партија е последната која има морално право да зборува за криминал.

– СДСМ зборуваат за правен систем, а на чело на партијата им стои човек кој одбра и прифати да биде аболиран од сериозно обвинение за криминал тежок осум милиони евра, бидејќи беше свесен дека ако на тој начин не биде аболиран од Бранко Црвенковски, за стореното дело ќе одговара, се истакнува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека на чело на СДСМ, како што се вели, стои човек чии единствени вредности се тендерите и општинските пари да ги распределува на роднини и партиски соработници.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ