А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стоп за разбојништвата низ Карпош

by А1он29/05/2014 - 14:58138
Share0

Безбедносната состојба на граѓаните на Општина Карпош, нарушувањето на јавниот ред и мир во сите урбани заедници и почитувањето на сообраќајните правила беа главна тема на разговорот на вчерашната средба меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и првиот полицаец на Карпош, Роберт Петрушевски.

Добивај вести на вибер

Состанокот се одржа на иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош, а на него присуствуваа и секретарите на 14 урбани заедници во Карпош.

Секретарите на урбаните заедници од оваа скопска општина го изразија револтот на граѓаните од неактивноста и од слабите резултати на полето на превенцијата и откривањето на кражби и разбојништва низ општината. Според изјавите на секретарите, во одделни урбани заедници, речиси да нема куќа која не била цел на разбојници и крадци во изминативе години. Она што е најлошо, велат најупатените од овој дел на општинската администрација, е што многу мал од овие кривични дела се расветлени, а украдените предмети речиси никогаш не им се вратени на граѓаните.

Во разговорите беше посочено дека станува збор за 10-15 разбојнички групи од не повеќе од 50- тина лица, и на чие криминално дејство час поскоро треба да му се стави крај.

Околу проблемот со обезбедување јавен ред и мир, секретарите на урбаните заедници од Карпош точно ги посочија местата каде во раните утрински часови одредени групи буквално „дивеат“ и го вознемируваат населението. Бидејќи се наоѓаме во пресрет на летните одмори и вечери, договорено е да се преземат поенергични мерки против прекршителите на јавниот ред и мир за да им се врати мирот на граѓаните.

Во доменот на сообраќајот, на средбата е констатирано дека учесниците во него, особено возачите на автомобили и мотори, често ги кршат сообраќајните прописи. Притоа, или возат во спротивен правец или не го почитуваат ограничувањето на дозволената брзина, особено на пешачките премини и на премините покрај училиштата.

Посебен акцент беше ставен на Кејот на Вардар, каде возењето мопеди и мотори по пешачката патека стана практика со што се загрозува и животот на рекреативците. На средбата беше договорено полицијата да го зголеми присуството во овој дел на општината и да преземе соодветни законски постапки да се санкционира ваквото однесување.

Исто така, констатирано е дека во континуитет се оштетува државниот и општинскиот имот, посебно во делот кај урбаната опрема, и од полицијата е побарано час поскоро да се идентификуваат и санкционираат прекршителите.
На состанокот беше искажана максимална поддршка за полицијата во поглед на превентивното влијание врз адолесцентите, за да се обезбеди подолгорочен мир и безбедно живеење во општината.

karpos

Би можело да ве интересира

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Горан Наумовски27/05/2025 - 13:50

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

Горан Наумовски28/03/2025 - 13:50

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Горан Наумовски12/02/2025 - 11:15

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Горан Наумовски25/10/2024 - 17:10

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески22/02/2024 - 17:2222/02/2024 - 18:30

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Горан Наумовски20/02/2024 - 15:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен